
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, зборуваше по победата на неговиот тим од 2-1 против Севилја во натпреварот од 38. коло на шпанската Ла Лига.
„Ќе ми биде чест еден ден повторно да го водам клубот. Сакам да им се заблагодарам на играчите за нивната посветеност. Тие тренираа многу добро и јас заминувам со тоа чувство. Не освоивме титули оваа сезона бидејќи не се претставивме добро на четири или пет натпревари. Немавме среќа и не можевме да бидеме конкурентни. Се претставивме добро во поголемиот дел од сезоната. Гледајќи наназад, гледам дека страдавме, но и се забавувавме. Тоа беше вистински тобоган од емоции. Горд сум на мојата работа и сакав да продолжам“, изјави Чави.
На прес-конференцијата по мечот, новинарите побараа од Чави ќе му даде некој совет на својот иден наследник.
„Би му кажал дека се соочува со многу тешка ситуација. Единственото нешто што може да го спаси во овој клуб се победите. Ова е фактм без разлика дали е странец или не. Го очекува напорна работа и тој ќе мора да биде трпелив“, одговори Чави.
Германецот Ханси Флик треба да биде наследникот на Чави на клупата на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
