
Барселона освои три бода во последниот официјален натпревар годинава откако ја совлада Алмерија со 3-2. Натпреварот против последнопласираниот тим во Ла Лига продолжува да биде тема на шпанските медиуми кои ја следат Барса.
Причина се сцените од полувремето на овој натпревар.
Чави ја искористил паузата на мечот против Алмерија за да одржи говор кој го нарече најтежок во неговата тренерска кариера, а шпанските медиуми сега откриваат што се случило во тие десетина минути меѓу двете полувремиња од мечот меѓу Барса и Алмерија. „Мундо Депортиво“ наведува дека тренерот на Барселона никогаш не бил толку брутален во обраќањето кон поединци како на тоа полувреме, а „Марка“ тврди дека бил особено груб кон Роберт Левандовски.
„Веќе неговиот влез во соблекувалната го навестуваше најлошото. Чави пцуеше, клоцаше и шутираше сè што му беше на патот. Потоа ја зеде таблата на која црта акции, ја стави пред себе и почна да удира додека викаше: „Не може така!“, наведуваат шпанските медиуми и додаваат дека неговиот гнев не застанал тука, туку го пренасочил кон дел од спортската опрема што ја искинал.
„Сакам да трчате како свињи“, викал Чави, лут на играта на тимот во првото полувреме и обвинувајќи ги за недостаток на мотиви по кој јавно ги прозва своите играчи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ал-Наср со понуда за Жоао Феликс

Евро-фудбал
ПСЖ го пронајде наследникот на Донарума

Евро-фудбал
Њукасл бара 170 милиони евра за Александер Исак

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона

Евро-фудбал
Милан го расипа дебито на Вирц за Ливерпул

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски
