Connect with us

Чави: Барселона не можеше финансиски да се натпреварува со ПСЖ за Осман Дембеле

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, призна дека Осман Дембеле ќе го напушти тимот и ќе прејде во ПСЖ. Французинот не учествуваше во контролата со Милан во која неговиот тим победи со 1-0, а по завршувањето стратегот изјави дека Каталонците не можат да се натпреваруваат финансиски со францускиот шампион.


„Осман Дембеле ни кажа дека сака да замине во ПСЖ. Не можеме да се натпреваруваме со ПСЖ, нивната понуда е огромна. Тој разговараше со Луис Енрике и со Ал-Келаифи“, сподели Чави.

„Ме боли затоа што се погриживме да биде среќен овде, но тој си заминува“, изјави и тренерот на Барселона.

Трансферот на Дембеле во ПСЖ се очекува официјално да биде објавен до крајот на неделата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови