
Португалија ја победи Турција со 3:0 во дуелот од второто коло на групата Ф на Европското првенство. По овој дуел, селекторот Винченцо Монтела доби бројни критики поради фактот што младата ѕвезда Арда Ѓулер доби само дваесетина минути за игра.
Во одбрана на славниот Италијанец застана капитенот Хакан Чалханоглу.
„Арда Ѓулер се здоби со повреда за време на тренингот. Затоа не играше. Морам тука да застанам на страната на тренерот. Некои работи не треба да се изнесуваат надвор од теренот“, рече Чалханоглу.
„Токму како што го цени Арда, селекторот ги цени и останатите фудбалери. Многу работи не ги знаете. Некои играчи не се навикнати да играат секои два-три дена. Затоа селекторот одмора дел од играчите“, истакна капитенот на туирскиот тим.
Чалханоглу е свесен дека критиките се составен дел од фудбалот, но дека никој не смее да каже дека фудбалерите не се борат за турскиот грб.
🗣️🎙️ Hakan Çalhanoğlu: Arda idmanda kasığından sakatlık geçirdi. Bu yüzden oynamadı. Hocayı bu konuda korumam gerekiyor. Sakatlandığı için oynamadı. pic.twitter.com/YBC7oCVkj5
— TRT Spor (@trtspor) June 23, 2024
„Критиките се составен дел од фудбалот. Јас се трудам на теренот да ги исполнам сите барања на тренерот. Не треба денес да се зборува за мене, туку за националниот тим. Сите ние се бориме за нашиот грб. Јас добивам најмногу критики, но не ги слушам. Да ги слушав сите, немаше да бидам тука“, истакна фудбалерот на Интер.
Турција против Чешка игра за бод што би им обезбедил поминување на групата.
„Против Португалија немавме ни среќа. Сè одеше против нас. Не е крај на светот, ништо не е готово. Гледаме напред и се фокусираме на Чешка. Се надевам дека ќе ја поминеме групата. Сите веруваме во тоа“, заклучи Чалханоглу.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
