Connect with us

Чачиќ: Шкупи е добар тим и го предводи нашиот Гоце Седлоски

Хрватскиот шампион Динамо Загреб утревечер (21 часот) на „Максимир“ го пречекува македонскиот првак Шкупи во првиот дуел од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тренерот Анте Чачиќ верува во успех, иако има максимален респект за тимот што го предводи Гоце Седлоски.


„За мелот со Шкупи конкурираат сите играчи кои играа против Локомотива, таму немаме никакви проблеми. Никој не е повреден, а никој не е и навреден. Наскоро ќе се приклучат Емрели, Бошко Шутало и Булат“, откри Анте Чачиќ ден пред натпреварот.

Тој има „слатки проблеми“, кој да игра, а кој да остане на клупата.

„Ако ги ставам Дрмиќ и Петковиќ, тогаш се поставува прашањето кој ќе биде на клупата, Оршиќ или Иванушевец. Но, играта трае 90 минути, ако сме здрави и подготвени, секој ќе добие шанса да игра и да се докаже. Иако примивме два гола, бевме добри против Локомотива и во првото полувреме. Успеавме да се вратиме, и можевме да поведеме. Логично е дека сега не можеме да бидеме на најдобро ниво. Шкупи е добар тим, го води нашиот Гоце Седлоски и ќе мораме да бидеме максимално фокусирани“, изјави Чачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови