Connect with us

Чачиќ: Ќе се срамиме на „Максимир“ во Лигата на шампионите

Хрватскиот шампион Динамо Загреб синоќа обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампионите откако по продолженија го елиминира Бодо/Глимт совладувајќи го со 4-1. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе му се придружат на Елиф Елмас од Наполи во елитното европско натпреварување.


Динамо Загреб на патот до ЛШ го елиминираше и Шкупи, а тренерот Анте Чачиќ вели дека „модрите“ ќе се срамат во ЛШ.


„Овие момци ме направија најсреќниот човек на светот. Ова беше вечер за паметење. Нема да биде лесно да се игра во Лигата на Шампионите, ќе ни доаѓаат најдобрите во светот, а ние ќе се срамиме и ќе ги пречекаме на стадион каков што е Максимир“, изјави Анте Чачиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови