
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, призна дека неговата екипа била надиграна од Аталанта во финалето на Лига Европа и дека успехот на Италијанците е целосно заслужен.
„Мораме да и честитаме на Аталанта, тие беа подобриот тим. Противникот делуваше многу интензивно, а ние не можевме да го прикажеме фудбалот што вообичаено го практикуваме. Бевме сигурни во себе, но не се справивме со притисокот да бидеме во финалето“, објасни шпанскиот стратег.
„Имавме некои проблеми кои не сакам да ги оправдам. Создадовме неколку шанси. Аталанта не притисна жестоко од самиот старт и ја искористи предноста. Ни недостигаше прецизност во последното додавање“, прокоментира Чаби Алонсо.
„Во фудбалот е многу тешко да се анализира пораз веднаш по завршување на натпреварот. Сега ќе биде тест за нас дали брзо ќе застанеме на нозе, бидејќи в сабота ни претстои уште еден многу важен натпревар“, додаде тренерот на „аспирините“ осврнувајќи се на финалето од Купот на Германија против Кајзерслаутерн.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
