Connect with us

Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен до 2026 година

Баер Леверкузен му го продолжи договорот на тренерот Чаби Алонсо за уште две години, а според новата соработка, Шпанецот ќе остане кај „аспирините“ до 30 јуни 2026 година.


„Многу сум благодарен за довербата што ми ја укажа клубот. Тоа што сме убедени во иста идеја и ист правец во однос на спортските планови гарантира голема блискост и доверба меѓу претставниците на клубот и мене. Ова е многу добра и мирна основа за нашата секојдневна работа. Ова е уште една причина зошто навистина уживам да работам со мојот тим и со сите вработени во Баер Леверкузен. Позитивно гледам на изминатата сезона. Но, јас сакам повеќе, исто како и клубот. Тоа е она на што сега работиме одлучно“, изјави Чаби Алонсо.


Алонсо го презеде Баер Леверкузен во октомври 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови