Интер не успеа да остави голем белег на Светското клупско првенство. Вицешампионот на Италија беше елиминиран уште во осминафиналето од бразилскиот Флуминенсе. Поразот не само што стави крај на нивното учество, туку и предизвика тензии во тимот, а најгласен беше капитенот Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот не го криеше разочарувањето и отворено ги прозва соиграчите за недостаток на борбеност и посветеност.
„Сакам да се борам за најголемите титули. Кој сака да остане во Интер, мора да се бори со мене. Кој не сака – нека си оди“, изјави видно фрустрираниот Лаутаро Мартинез по натпреварот.
Неговиот став јасно покажува дека незадоволството во тимот расте, а раководството на клубот ќе мора брзо да реагира за да го стабилизира амбициозниот состав по уште едно разочарување на меѓународна сцена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













