Струга Трим Лум ремизираше (1-1) против Македонија ЃП на пролетната премиера на домашен терен. Марјан Алтипармаковски со гол во 85.минута донесе бод за стружани, откако гостите поведоа со голот на Есмин Личина во 50.минута.
Сепак, Буњамин Шабани не се сложува со констатацијата дека Струга Трим Лум се спаси од пораз на овој меч.
„Не би рекол дека Струга Трим Лум избегна пораз. Можеби постигнавме гол за реми пред крајот на натпреварот, но ако детално се анализира мечот секако ќе се забележи дека бевме подобар ривал и имавме повеќе шанси пред противничкиот гол. Сепак, го оставаме овој дуел зад нас и веќе сме фокусирани на следното искушение“, изјави Буњамин Шабани.
Струга Трим Лум во следното коло и гостува на Беласица во Струмица.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













