
Напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, ќе биде надвор од игра повеќе од два месеца, откако беше подложен на операција на задниот бутен мускул. Ова го откри менаџерот на тимот, Микел Артета.
„Тој помина низ процедурата. Сè помина добро, но за жал ќе отсуствува многу, многу недели“, изјави разочараниот шпански стратег по победата на неговиот тим против Ипсвич со 1-0.
„Мислам дека ќе биде надвор од игра повеќе од два месеца. Тоа зависи од тоа како ќе почне да заздравува ткивото и од првата недела на рехабилитација. Ќе видиме, тешко е да се каже“, додаде Артета.
Сака постигна пет гола и забележа 10 асистенции за тимот од почетокот на сезоната во Премиер – лигата, при што е еден од најкреативните фудбалери на „топчиите“. 23-годишниот англиски репрезентативец беше принудно заменет на натпреварот против Кристал Палас порано овој месец и го напушти стадионот со патерици.
Во октомври и ноември, Сака пропушти три натпревари за Англија во Лигата на нации, како и поразот на Арсенал од Борнмут и победата над Шахтјор Доњецк во Лигата на шампионите поради повреда на истиот дел од ногата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
