
Џaнлуиџи Буфон беше слободен агент ова лето, а малку недостигало да дојде во Црвена Звезда. Неговиот договор со Јувентус истече, па имаше многу понуди каде би ја продолжил кариерата.
На крајот, тој го избра клубот во кој порасна – Парма. Потпиша двегодишен договор затоа што верува во амбициозниот проект на новите американски сопственици.
Познато е дека легендарниот голман имаше многу понуди да ја продолжи кариерата, а неговиот агент Силвано Мартина откри неверојатен детал за љубителите на фудбалот во Србија. Тој изјави дека српскиот шампион Црвена Звезда е меѓу клубовите кои го посакуваа Буфон!
„Идејата се роди пред две недели. Со оглед на неговата возраст, имав еден куп предлози, зборуваме за шест или седум клуба. Меѓу нив имаше три бразилски клуба, понуди кои беа пријатни, но не можеа да бидат разгледани поради семејството. Пред да потпишеме за Парма, добивме понуда од Црвена Звезда. Враќајќи се од Рим, отидов кај него, а потоа ми рече дека минувајќи низ Парма почувствувал силни емоции и тогаш сфати дека тоа е клубот што го посакува. Беше романтично“, изјави Силвано Мартина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
