Connect with us

Буфон објави крај: Тоа е сѐ, народе! (ВИДЕО)

Легендарниот италијански фудбалски голман Џанлуиџи Буфон официјално објави дека се пензионира по 28-годишната блескава кариера.


„Тоа е сè луѓе. Ми дадовте сè. Јас ви дадов сè. Ние го направивме тоа заедно”, објави Буфон во видео порака.

Најавата ја украси со видео во кое има слики од освоените 10 „скудета“, Светското првенство и бројни трофеи освоени по дебито во Серија А во 1995 година.

Своето деби во Серија А го имаше на 18 години за Парма, чиј дрес го носеше шест години во првиот мандат. Потоа бранеше за Јувентус 17 години, една сезона беше член на ПСЖ, а потоа се врати во Јуве две сезони, за да ги брани последните две сезони во Парма, од каде го започна фудбалскиот пат во 1995 година.

Буфон во клупската кариера освои дури 31 трофеј, додека со италијанската репрезентација беше светски првак во 2006. За Италија забележа рекордни 176 настапи, учествувајќи на пет светски првенства.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови