
Џанлуиџи Буфон, 45-годишниот легендарен италијански голман под договор со Парма, доби понуда да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Пред него е одлуката да продолжи во клубот во кој ја започна својата блескава кариера, да се пензионира или да прифати трансфер во се попопуларната лига за ветераните, но и европските ѕвезди.
Трофејниот голман кој во кариерата настапуваше за Парма, Јувентус, ПСЖ и за италијанската репрезентација наводно има понуда вредна 15 милиони евра да дојде во Саудиска Арабија. Буфон минатата сезона бранеше на 19 натпревари.
Поранешниот светски првак и европски вицешампион со Италија во кариерата одиграл 975 натпревари за клубовите и 176 за репрезентацијата.
Со Јувентус, тој беше десеткратен шампион на Италија и трипати финалист во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
