
Англискиот шампион Манчестер Сити претстојното лето ќе се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш, открива „FootballTransfers“. „Граѓаните“ имаат сериозен интерес за асот на „чавките“ бидејќи се обидуваат да го засилат својот среден ред.
Гимараеш е познат по неговата способност да го контролира темпото на игра, да ги разбива противничките напади и да носи опасност во нападот со голови и асистенции. На менаџерот Пеп Гвардиола му се допаѓа флексибилноста и истрајноста на репрезентативецот на Бразил.
Шпанецот исто така е заинтересиран за неговиот сонародник од Вест Хем, Лукас Пакета, но неговите постојани проблеми надвор од теренот значат дека е малку веројатна преселбата на „Итихад“.
26-годишниот Гимараеш сака да го напушти „Сент Џејмс Парк“ на крајот на сезоната во обид да најде клуб кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите.
Одреден интерес за него има од шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, но се чини дека трансвер во Шпанија нема да се реализира бидејќи Њукасл постави цена од 100 милиони фунти за својот играч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal
