Шампионот на Премиер – лигата, Манчестер Сити, се наоѓа во невообичаено тешка ситуација последниве недели, откако забележа четири последовни порази во сите натпреварувања. Тимот беше елиминиран од Карабао Купот и доживеа тежок пораз од 4-1 против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.
Медиумите на Островот продолжуваат да го истакнуваат отсуството на повредениот Родри, што создава видлива празнина во средината на теренот, и шпекулираат дека Манчестер Сити најверојатно ќе го одврзе ќесето во јануарскиот трансфер период за да се засили во средниот ред.
Една од можните трансферни цели која се споменува е Бруно Гимараеш од Њукасл. Бразилскиот играч изјави дека поласкан од интересот на Сити, но и дека е многу задоволен во својот сегашен клуб.
„Гласините кои ме поврзуваат со Манчестер Сити покажуваат дека сум на високо ниво, но сепак, тоа се само гласини. Еднаш разговарав со Пеп, и тој ми рече дека ја цени мојата работа и го познава мојот стил на игра. Прекрасно е кога големите тренери те ценат. Но, јас сум многу среќен во Њукасл. Тука сум капитен, идол и сите ме почитуваат“, изјави бразилскиот играч за врска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













