Connect with us

Британската власт забрани доаѓање на италијански навивачи за финалето на ЕП

Италија и Англија ќе играат во финалето на Европското првенство на „Вембли“ во Лондон, а на два дена пред спектаклот е бурно во Европа. Британскиот министер за транспорт Грант Шапс истакна дека на италијанските навивачи не им е дозволен влез во Лондон од безбедносни причини.


„Тешко е да се организираат групи кои доаѓаат за еден ден или два. Тоа се стотици летови, тешко е да се контролира сето тоа, особено во денешниот свет во во кој владее пандемија на коронавирус”, изјави Шапс.
„Навивачите кои ризикуваат ќе бидат вратени веднаш од аеродромот и повеќе нема дилема“, дополни британскиот министер.


Италија од трибините в недела ќе ја бодрат само навивачи кои имаа продолжен престој во Лондон по полуфиналниот дуел против Шпанија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови