Брест е третиот патник од Франција кој директно се пласира во Лигата на шампионите, откако во луда завршница го освои третото место на табелата, зад првакот ПСЖ и второпласираниот Монако. Брест победи со 0-3 на гостувањето кај Тулуз, со головите на Камара, Амави и Лала.
Лил имаше директен пласман во ЛШ сѐ до судиското продолжение, со оглед дека водеше против Ница со 2-1. Но, едно невнимание во домашната одбрана доведе Ница да израмни преку Лотомба во 93.минута. Сега Лил ќе мора да игра во квалификации за ЛШ.

Лион ќе игра во Лига Европа, и покрај неверојатно лошиот старт на сезоната. Лин го победи Тулуз со 2-1, со двата гола на Александре Лаказет. Победничкиот го постигна од пенал во 95.минута.
Пари Сен Жермен го совлада Мец на гости со 0-2, со головите на Карлос Солер и Ли Канг-Ин. Домаќинот испадна од елитата, со оглед дека Лориен со 5-0 го победи Клермон.
Монако го декласира Нант со 4-0. Бен Једер, Керер, Камара и Бен Сегир беа стрелци на головите за „кнезовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













