
Брера Холдинг влезе и во ЖФК Тиверија Струмица, што отвора шанса за градење силен женски фудбалски клуб.
Компанијата Брера Холдингс која е добро позната на македонската јавност и поседува 90% од сопственоста ФК АП Брера Струмица, стана првиот странски инвеститор во женски фудбалски клуб во нашата држава. Од неодамна оваа компанија со свој капитал влезе во ЖФК Тиверија Струмица кој претходно мораше да се трансформира како АД согласно македонската законска регулатива. Ова значи дека во семејството на Брера и официјално има женски фудбалски клуб градејќи неколку скалила повеќе во развојот на женскиот фудбал во Македонија.
Како дел од Брера Струмица, Брера Тиверија ќе продолжи да се надоврзува на работата што претседателот на Брера Струмица, Горан Пандев ја направи во Македонија за професионализација на спортот во земјата. Влезот на Брера во ЖФК Тиверија ќе значи и обезбедување на услови за раст и развој на фудбалерките, но се отвора и шанса да се изгради еден силен женски фудбалски тим.
“Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи Нашите играчи ќе имаат повеќе можности со припадноста на Брера, што ќе ги мотивира да работат повеќе. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим во Струмица, Македонија и да го промовираме нашиот град и земја во странство”, изјави Александра Терзиски, генерален директор на Брера Тиверија.
Формирањето на Брера Тиверија е неверојатна пресвртница во целокупната приказна на Brera Holdings и е вистински доказ за посветеноста на компанијата за женскиот спорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
