
Брера продолжува со промоцијата на нови засилувања. Нов фудбалер на струмичкиот тим е Марјан Ристовски кој доаѓа од редовите на Вардар.
Претходно, Брера се засили со Французинот Дианеси и напаѓачот Антонио Каланоски.
Минатата сезона тој одигра 29 натпревари со ефект од три гола и седум асистенции во дресот на Вардар.
Ристовски претходно во има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и за Кожуф.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам сѐ од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, изјави Марјан Ристовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal