
Брегалница одигра неверојатен натпревар во рамките од стартната фаза од Купот на Македонија, во кој штипскиот прволигаш постигна дури 22 погодоци против Ново Црнилиште, за триумф од неверојатни 22-0.
Фудбалерите на Брегалница во првото полувреме водеа со 6-0, за во вториот дел да го торпедираат голот на противникот, дури 16 пати за 45 минути тресејќи ја мрежата на противникот.
Мартин Стојанов со пет гола беше најдобар стрелец на натпреварот, по четири гола постигнаа Настевски и Мицковски, хет-трик реализираше Велинов, Гучев беше двапати прецизен, а еднаш меѓу стрелците се запишаа Османовски, Дарко Стојанов, Манев и Пепи Ѓоргиев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
