Connect with us

Брегалница стартува на 23.јуни

Фудбалерите на Брегалница летните подготовки за новата сезона во Првата фудбалска лига ги почнуваат в четврток (23. јуни), објави клубот. Претходно, ќе бидат реализирани задолжителните лекарски прегледи, по што од 23. јуни ќе се почне со првиот тренинг под палката на шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски.


Согласно планот и програмата за работа на стручниот штаб, низ првите неколку денови подготовки ќе се работи во Штип, а потоа до почетокот на новата сезона во елитното друштво Брегалница во два наврати ќе реализира и по десетдневни подготовки во Пехчево.

За време на летните подготовки, планирано е и одигрување на пет пријателски натпревари. Веќе се утврдени датумите за пријателските дуели кои ќе се играат на 3. јули, 10. јули, 17. јули, 24. јули и генералката пред стартот на Првата македонска фудбалска лига на 31. јули. Имињата на противниците за пријателските натпревари дополнително ќе бидат соопштени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови