Connect with us

Брегалница се засили со Бугаринот Иван Минчев

Новиот прволигаш Брегалница ангажираше уште едно засилување за наредната сезона. Штипскиот тим го комплетираше трансферот на бугарскиот репрезентативец Иван Минчев.


Станува збор за 30-годишен фудбалер кој настапува во средниот ред и доаѓа во Брегалница од редовите на Берое. Претходно, овој фудбалер го има носено и дресот на ЦСКА Софија, Спартак Варна, Монтана и Славија Софија, а има и неколку настапи за бугарскиот национален тим.

Минчев е третото засилување на Брегалница за наредната натпреварувачка сезона, откако претходно пристигнаа македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов и Антонио Азиновиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови