Фудбалерите на Брегалница одиграа без победник, 1-1, против азербејџанскиот прволигаш Зира на вториот пријателски натпревар на подготовките во Анталија.
Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски одлично го почнаа натпреварот и поведоа во петтата минута преку Владимир Дујовски, но противникот израмни со погодокот на Волков во 14. минута.
Во продолжението од првиот дел и низ второто полувреме Брегалница имаше многу повеќе од играта од противникот, имаше неколку шанси за втор погодок преку Мартин Стјановски, Додев, Алтипармаковски и Живуљиќ, но на крајот резултатот остана 1-1.
Следниот пријателски натпревар на Брегалница е на 27. јануари против украинскиот Металист Харков.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













