Академија Пандев ќе ја пречека Брегалница во еден од двата денешни натпревари од Првата лига. Во вториот, Работнички ќе гостува во Кратово и ќе ги одмери силите со Силекс.

„Мотото на Брегалница и во новата сезона ќе биде чекор по чекор до својата цел. Јасно е дека буквално секој натпревар е најважниот за нас во првенството, и така верувам ќе се однесуваме на терен. Но, ако нешто знам тоа знам дека моите фудбалери на сите средби ќе дадат се од себе за да дојдат до позитивни резултати“, вели Илчо Ѓорѓиоски, тренерот на Брегалница пред стартот на сезоната.

„Романтичарите“ имаат нов тренер, Љупчо Марковски, кој ќе дебитира на официјален меч денеска во Кратово. Силекс по една пауза повторно е во Првата лига.
„Работевме напорно во изминатиот период и верувам дека сме добро подготвени за почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Се надевам дека ќе прикажеме добра игра и ќе оствариме поволен резултат. Имаме максимален респект за противникот, но секако веруваме и во нашите квалитети“, вели шефот на стручниот штаб, Љупчо Марковски.
Вчера, во отворањето на сезоната, Струга Трим Лум ја совлада Победа со 3-0.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17. август, 17 ч.)
ТИКВЕШ – ШКУПИ (7. септември, 16 ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП слободна
ВЧЕРА: СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА 3-0
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













