ФК Брегалница го договори првото засилување за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток. Ново име кај „сините“ за продолжението од шампионатот ќе биде довчерашниот крилен офанзивец на кратовски Силекс, Дарко Додев.
21-годишниот Додев, наспроти бројните понуди од неколку домашни прволигашки клубови, се одлучи да ја прифати понудата на Брегалница за идна меѓусебна заедничка соработка.
Додев, кој потекнува од фудбалската школа на Металург, покрај во Силекс каде имаше извонредна есен изминативе месеци со 18 настапи и 4 постигнати голови, претходно во својата кариера настапуваше и за кавадаречки Тиквеш.
Крилниот офанзивец ќе биде на располагање на стручниот штаб уште на првиот собир од зимските подготовки на 11. јануари во Штип.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Левандовски од лето се сели во МЛС – лигата?
Евро-фудбал
Чави ќе го замени Мареска на клупата на Челси?
Млади репрезентации
Македонија У15 со минимален пораз од Турција на возвратниот натпревар













