Брегалница ја освои Струмица на стартот од новиот шампионат совладувајќи го тимот на Академија Пандев со 1-2. Силекс оствари победа по враќањето во елитата, откако триумфираше против Работнички со 2-0.
„Пандевци“ поведоа во 16. минута со голот на Јоковиќ, кој беше оставен сам на вториот дирек и погодок од близина. Сепак, Брегалница возрати двојно во второто полувреме.

Дарко Додев постигна прекрасен гол во 57.минута и израмни на 1-1, а пет минути подоцна Ристевски, по асистенцијата на капитенот Мојсов, се погрижи за целосен пресврт.
Силекс славеше во Кратово против Работнички со 2-0. Арсим Љамалари со удар со глава донесе водство во 58.минута, а триумфот го завери Филип Стојчевски од пенал во судиското продолжение од натпреварот.
Вчера, Струга ТЛ ја совлада Победа со 3-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













