
Македонскиот прволигаш Брегалница ангажираше ново засилување од Хрватска. Се работи за 29-годишниот Диего Живулиќ, кој е фудбалер од средниот ред, а во редовите на Брегалница доаѓа од унгарскиот Диошѓер.
Живулиќ, кој потекнува од фудбалската школа на Ријека, е поранешен младински репрезентативец на Хрватска и зад себе веќе има богата играчка кариера. Покрај за Ријека има настапи и за Поморац во Хрватска, за Жлин и Викторија Плзен во Чешка, Пафос на Кипар и полскиот Сласк Вроцлав. Изминатата година настапуваше за унгарски Диошѓер од каде сега доаѓа во Брегалница.
„Со ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски како нов шеф на стручниот штаб, и со доведувањето на квалитетно име во средниот ред како Живулиќ јасни се амбициите на Брегалница кои се активни од почетокот на сезоната за борба за едно од местата кои водат на европската сцена оваа сезона“, вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
Брегалница утре заминува во Анталија каде ќе бидат реализирани главните подготовки пред продолжението од шампионатот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
