Connect with us

Брегалница го ангажираше и Србинот Никола Ескиќ

Македонскиот прволигаш Брегалница пред самиот старт на првенството во Првата лига го ангажираше и осмото засилување. Нов фудбалер на „сините“ е Србинот Никола Ескиќ.


Како што истакнуваат на клупскиот сајт, се работи за еден од најголемите српски фудбалски таленти, а 23-годишниот Ескиќ доаѓа од редовите на минатогодишниот суперлигаш Бачка. Тој зад своето име има повеќе од 120 настапи во Суперлигата на Србија, претходно и во дресот на Напредак Крушевац.


Ескиќ е играч од средниот ред и треба да биде квалитетно засилување за составот на Марјан Секуловски за настапите во Првата лига.


Брегалница ова лето се засили и со српскиот офанзивец Милан Ѓокиќ, поранешниот бугарски репрезентативец Иван Минчев, кој игра во средниот ред, како и крилниот офанзивец Бобан Георгиев кој пристигна од редовите на Борац Бања Лука. Засилена е и одбраната со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов, повратникот Стефан Коцев и Хрватот Антонио Азиновиќ. Нападот е засилен и со искусниот Марјан Алтипармаковски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови