Connect with us

Брегалница фаќа ритам: Триумф и против Плачковица

Брегалница ја запиша и втората едноподруго победа во Втората лига – Исток славејќи со 2-1 пред своите навивачи против Плачковица во 10. коло.

„Сините“ одлично го почнаа натпреварот па уште во 9. минута дојдоа до водство со голот на Иван Настевски. Притисокот кон голот на радовишани не запре и по водството па веќе во 17. минута Брегалница имаше предност и од 2-0 со погодокот на Пепи Георгиев.

Но, предноста од два гола кратко траеше за Брегалница откако Плачковица од пенал преку Андреј Кудијан во 23. минута стигна до 2-1. Сепак, тоа беше се што можеа да направат гостите.

Во второто полувреме „сините“ комплетно ја контролираа играта и резултатот, имаа можности и за поубедлива победа, но на крајот сепак остана на победата од 2-1.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (10. КОЛО)
БРЕГАЛНИЦА – ПЛАЧКОВИЦА 2-1 (2-1)
Градски стадион во Пехчево. Гледачи: 2.500. Стрелци: Настевски 9′, Горгиев 17′ (КГ), Кудијан 23′(п) (П).

РЕЗУЛТАТИ – 10. КОЛО
Брегалница – Плачковица 2-1
Кит Го – Беласица 2-0
Тиквеш – Кожуф 0-1
Питу Гули – Осогово 1-3
Каменица Саса – Победа 2-0

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови