Покрај резултатските амбиции на првиот тим, со преземањето на клубот од страна на најдобриот фудбалски работник за минатата година во Македонија, Кирил Гогов, во ФК Брегалница веќе сериозно течат активностите и за инфраструктурно подобрување.
Помошниот терен на Градскиот стадион во Штип по долги години доби нов лик, а во тек е изградбата и на новиот апартмански комплекс кој ќе биде во функција на тимот и администрацијата на клубот.
„Помошниот терен, веднаш до централниот терен на Градскиот стадион, доби нов лик изграден согласно најновите европски стандарди, со најмодерна тревната подлога и дренажа кои овозможуваат тренинг активности, без разлика на временските услови. Паралелно со тоа и фудбалското игралиште во Суитлакот доби ново руво. Во полн ек се активностите и околу комплетното реновирање на службените простории и соблекувалните на клубот, но сето тоа дополнето и со изградбата на дополнителниот комплекс во кој ќе бидат сместени 16 сместувачки апартмани за потребите на ФК Брегалница како и нови службени простории и канцеларии за функционирање на администрацијата на клубот“ – информираат од ФК Брегалница.
Штипјани во моментов се на второто место во Втората лига – Исток, зад Беласица, како еден од најсериозните четири кандидати и за прволигашка промоција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Донарума е избран за најдобар светски голман













