
Прочуениот фудбалски стадион во Рио де Женеиро, популарната „Маракана“ ќе го промени своето официјално име во стадион “Едсон Арантес до Насименто – Реи Пеле“.
Одлуката за промена на името на стадионот според еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња денеска ја донесоа властите во бразилската сојузна држава Рио де Женеиро, а за да стане правосилна мора да биде одобрено и од сојузниот гувернер.
Пеле (80) одигра голем број натпревари во дресот на бразилската репрезентација на „Маракана“, постигнувајќи го на овој стадион и својот 1.000-ти гол во кариерата, во 1969 година.
Официјалното име на „Маракана“ сега гласи „стадион Марио Фиљо“, според бразилскиот новинар, кој во текот на 40-те години од минатиот век лобираше за негова изградба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
