Connect with us

Бразилецот Роналдо смета дека Бензема е најдобриот светски напаѓач

Ако некој е релевантен да зборува за најдобриот напаѓач на денешницата, тоа е Роналдо Назарио да Лима. Роналдо според многумина е најдобриот напаѓач во историјата, а според легендарниот Бразилец – во моментов најдобар светски напаѓач е Карим Бензема.


Зад напаѓачот на Реал Мадрид, Роналдо го избра Роберт Левандовски, додека Ерлинг Халанд го гледа како најдобар во иднина.

„Бензема, без сомнение, е најдобар. Левандовски е веднаш зад него. Халанд ќе биде број еден, но овие двајца моментно се подобри од него. Мбапе е исто така многу силен. Читав дека потпишал договор за 50 милиони евра годишно со Реал. Ние дефинитивно, игравме во погрешно време, ха-ха. Фудбалската индустрија расте толку многу што е фер играчите да добиваат се повеќе и повеќе пари“, изјави Роналдо.

Тој вели дека фудбалот многу еволуирал и начинот на тренирање сега е сосема поинаков отколку во негово време.

„Нашите генерации имаа многу лоши тренинзи, се сеќавам дека морав да трчам шест-седум километри кои не ми требаа затоа што бев спринтер. Би правел 30-35 спринтови по натпревар, можев и 40, но не можев да ги убедам тренерите дека не ми требаат толку километри. Головите што ги постигнав откако ќе издриблав тројца или четворица играчи? Не можете да научите нешто такво на тренинзите. Со Хектор Купер моравме да трчаме три километри за да се загрееме. За среќа, работите се променија со текот на времето”, истакна Роналдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови