Ендрик од денеска и официјално е играч на Реал Мадрид. Со веќе докажаниот бразилски талент и репрезентативец, Реал ја договори соработката пред точно 584 дена, но мораше да чека младиот напаѓач да наполни 18 години за да може да го доведе на „Бернабеу“.
Ендрик денеска го слави својот 18. роденден.
Реал за него издвои 47.5 милиони евра за да го донесе од Палмеирас, а сумата која би можела да се исплати на бразилскиот клуб е поблиску до 60 милиони евра, ако се вклучат бонусите за младиот напаѓач. Сето тоа беше договорено на 15 декември 2022 година.
Мадридскиот гигант имаше голема конкуренција во реализацијата на овој трансфер. Талентот на младиот напаѓач го препознаа многу големи и богати клубови, а Пари Сен Жермен даде и официјална понуда до Палмеирас во износ од 80 милиони евра. Сепак, пресуди желбата на Ендрик за трансфер во Реал.
Ендрик за Палмеирас има одиграно вкупно 82 натпревари и постигнато 21 гол. А, само што наполни 18 години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













