ПСЖ го победи Мец со 3-1 во 17. коло од францускиот шампионат. Витиња го доведе ПСЖ во водство во 49. минута, а Килијан Мбапе во 61. зголеми на 2-0. Матие Удол ја врати надежта кај гостите со гол во 72. минута, но Мбапе ги разреши сите сомнежи со вториот гол на натпреварот во 83. минута.
На крајот од натпреварот тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, му даде шанса на Итан Мбапе, 16-годишниот помлад брат на многу попознатиот Килијан Мбапе.
Итан игра како бек и централен играч за врска, а Килијан и тој пристигнаа во ПСЖ приближно во исто време, пред шест години.
Итан Мбапе на 16 години веќе е незаменлив играч во јуниорскиот тим на ПСЖ, во кој од првата минута го започна секој натпревар во младинската Лига на шампиони оваа сезона.
16 year old Ethan Mbappé made his competitive PSG debut tonight vs Metz
byu/cue-panic insoccer
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













