
Данскиот репрезентативец Мартин Брaјтвajт не го менува својот став да остане во Барселона и покрај одлуката на тренерот Чави Хернандез да не смета на него за следната сезона. Според каталонскиот весник „Спорт“, 31-годишниот напаѓач сака да ја продолжи кариерата на „Камп Ноу“, а неговото семејство нема намера да ја промени ситуацијата ова лето.
Барселона го проценува фудбалерот на околу 8 милиони евра, а интерес за него има од различни екипи од Шпанија и други земји. Сепак, тој нема намера да си замине.
Мартин Брајтвајт беше доведен во каталонскиот гигант во 2020 година од Леганес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
