Данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт е пред заминување од „Камп Ноу“, а негова следна дестинација треба да биде Премиер – лигата. Тој пристигна во Барселона кога овој клуб не можеше да донесе други напаѓачи и сега е време да замине.
Брајтвајт пристигна на „Камп Ноу“ надвор од преодниот рок, кога Ла Лига, поради бројни повреди, го одобри барањето на Барса за доведување на напаѓачот, но во рамките на шпанскиот шампионат.
Данецот во моментов е најблиску до заминување на Островот, а најреална опција е да потпише за Брајтон, иако го сакаат и „волците“ и Вест Хем. Се проценува дека Барса на неговиот трансфер може да заработи и до 15 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













