
Интер и Јувентус се во трка по фудбалер на Сасуоло, кој на крајот може да заврши во Премиер – лигата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, двата гиганти од Серија А во своите редови го посакуваат Давиде Фратези од Сасуоло.
Сепак, како што стојат работите, Фратези кариерата ќе ја продолжи во Брајтон, кој за неговите услуги понуди 40 милиони евра.
Менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби на тој начин го носи талентираниот Италијанец пред носот на Интер и Јувентус.
Фратези дојде во Сасуоло летото 2017 година од Рома за пет милиони евра. Очигледно дека клубот од стадионот „Мапеи“ ќе направи одлична зделка.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
