Македонската фудбалска легенда и поранешен селектор на нашиот национален тим, Бошко Ѓуровски, вели дека е пресреќен што Македонија и Србија следниот месец ќе се борат во финалето на плејофот од Лигата на нации за пласман на Европското првенство. Жали за селекцијата на БиХ, затоа што тогаш, како што вели, цела поранешна Југославија би можела да биде дел од ЕВРО.
„Пресреќен сум, Македонија и Србија се на чекор до Европско првенство. Тоа мора да го радува секој фудбалски вљубеник на овие простори. Искрено, жал ми е за Босна. Доаѓањето на Душко Бајевиќ донесе некоја нова енергија и сите мислевме дека можат да се пласираат на ЕП“, вели Бошко Ѓуровски.
Тој потенцира дека Лигата на нации е фантастично решение на УЕФА и супер можност за условно помалите репрезентации да направат големи резултати.
„Одушевен сум од форматот на Лигата на нации кој им дава шанса на малите репрезентации да станат дел од најголемиот европски фудбалски настан. Тоа е прав потег на УЕФА и одлична можност фудбалот да се популаризира совршено на сите страни од континентот“, истакнува поранешниот македонски селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













