Connect with us

Бошко Ѓуровски е во добро здравје, велат првичните докторски анализи

Македонската фудбалска легенда Бошко Ѓуровски заврши на прегледи во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, откако му се слоши за време на говорот на комеморацијата посветена на Дејан Миловановиќ. Според соопштението на Црвена звезда, поранешниот ас брзо се освестил и веднаш бил префрлен во болница, каде што бил подложен на детални испитувања.

„Бошко е стабилен и во добра здравствена состојба“, потврди проф. д-р Милован Бојиќ, кој најави и дополнителни контроли во следниот период.

Од „Маракана“ испратија порака со искрени желби.


„Му посакуваме на нашиот Бошко брзо закрепнување и со нетрпение го очекуваме повторно на стадионот.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови