Connect with us

Борусија Дортмунд го тресна Баерн во Минхен и дефинитивно го откажа од титулата (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд долго време, повеќе од една деценија, немаше победа на „Алијанц арена“, но вечева успеа да го победи Баерн Минхен со 0-2 и само потврди дека баварскиот тим оваа сезона не е на највисоко ниво. Со тоа и дефинитивно Баерн ги губи шансите за титулата, со оглед дека сега има 13 бода негатива во однос на лидерот Баер Леверкузен.

Карим Адејеми во десеттата минута ја погоди мрежата на Баерн и најави дека „милионерите“ се дојдени по победа. Хари Кејн и Лирој Сане не реализираа од изгледни позиции, па на одмор се замина со минимална предност за гостите.

Во второто полувреме, Џулијан Риерсон зголеми на 0-2 во 83.минута и го потврди триумфот на Борусија Дортмунд.

Сега Борусија Дортмунд има три бода предност пред Лајпциг во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови