
Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез, кој сега е слободен агент, би можел да ја продолжи кариерата во германската Бундес – лига, објави „Скај Германија“. Борусија Дортмунд размислува да достави понуда за одличниот голгетер откако замената на Ерлинг Халанд, Себастијан Але, ќе отсуствува одреден период откако му беше дијагностициран рак на тестисите.
Многу тимови ова лето веќе покажаа интерес за 35-годишниот Суарез, а тој засега сака да остане во Европа.
Меѓу кандидатите за него беа или се уште се Милан, Марсеј, Ривер Плата, Јувентус, Астон Вила, Ајакс, Фенербахче и екипи од МЛС – лигата на САД.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal