Connect with us

Борусија Дортмунд го промовираше Серху Гираси

Борусија Дортмунд официјално го претстави новиот напаѓач, Серху Гираси. 28-годишниот фудбалер доаѓа од Штутгарт, откако „жолто-црните“ ја активираа откупната клаузула во вредност од 17,5 милиони евра.
Гираси потпиша договор за четири сезони со финалистот во Лигата на шампионите.

Репрезентативецот на Гвинеја лани импресионираше со 30 голови во 30 натпревари за Штутгарт.

На почетокот на медицинските тестови за Гираси беше утврдено дека можеби ќе му биде потребна операција на коленото, што изгледаше како пречка за неговиот трансфер во Борусија Дортмунд. Сепак, новите прегледи вчера покажаа дека не е потребна хируршка интервенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови