
Колумбискиот интернационалец Борха Кордоба кој има и македонски пасош го напушти Борец и пристигна во Пехчево. Тој ја прифати понудата на амбициозниот второлигаш Кит Го да ги брани боите на клубот во наредниот период. Ќе биде големо засилување за одбраната на тимот со оглед дека е поливалентен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции, левата бековска позиција, но може да одговори одлично и како стопер.
22-годишниот Борха Кордоба во Македонија се промовираше во Работнички, беше дел и од Македонија ЃП, Локомотива, Работнички, а последно настапуваше за Борец. Но, по заминувањето на спонзорот Кочо Анѓушев, тој одлучи да ја прифати понудата на Кит Го.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
