Борец и Работнички ремизираа (1-1) во првиот меч од седмото коло во Првата фудбалска лига. Во интересен натпревар, двата тима посакуваа триумф, но на крајот се задоволија и со по еден освоен бод.
„Романтичарите“ поведоа во 13.минута со голот на Борха Кордоба. По центаршутот на Николче Шаркоски од десната страна, тој реализираше од непосредна близина. Оливер Пеев ја погоди гредата од голот на Работнички во 18.минута, а пет минути подоцна Борец израмни преку Ѓорѓи Ѓорѓиев.
По акцијата од левата страна, Ѓорѓиев со удар од 16 метри ја затрресе мрежата на Шишковски.
Во второто полувреме Борец беше поактивен, но не успеа да стигне до победа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













