Connect with us

Борче Постолов нов координатор на младинската школа на Академија Пандев

Поранешниот младински репрезентативец Борче Постолов е поставен за координатор на младинската школа на Академија Пандев. Иако изминатите месец дена за струмилани беа динамични со промените во сениорскиот тим, сепак клубот паралелно работи и на подигање на квалитетот на младинската школа на уште поголемо ниво.

За таа цел во наредниот период организацијата во младинската школа ќе му биде доверена на Борче Постолов, кој во изминатите 10 години со фудбалската школа Академија Постолов-Пандев која е филијала на Академија Пандев во Штип, постигна одлични резултати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови