Connect with us

Бонучи става крај на кариерата

Дефанзивецот на Фенербахче, Леонардо Бонучи, ќе стави крај на фудбалската кариера, соопшти турскиот клуб. Италијанецот денеска треба да го одигра својот последен натпревар, кој ќе биде против Истанбулспор во последното коло од турската Суперлига.

„Беше задоволство да се биде дел од ова прекрасно семејство. Се обидов да ја покажам мојата најдобра страна на теренот и надвор од него. Денеска ја имаме последната битка. Сакам да ја завршам кариерата со трофеј, имаме уште шанса да станеме шампиони“, изјави Бонучи.

Фудбалерите на турскиот тим на Италијанецот му подарија дрес со автограми.

На 11 јануари, Бонучи потпиша за Фенербахче, откако претходно играше за Унион Берлин. Во Турција, фудбалерот оваа сезона учествуваше на 22 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне еден гол, а притоа додаде и една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови