Искусниот италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи кариерата ќе ја продолжи во германскиот прволигаш Унион Берлин. Тој потпиша едногодишен договор со новиот клуб. Иако играше за двата гиганти од Милано, Милан и Интер, Бонучи најголемиот дел од кариерата го мина во торинскиот Јувентус, со кого освои осум титули во италијанскиот шампионат и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите (2015, 2017).
Бонучи има 121 настап за италијанската репрезентација. Беше член на тимот кој пред две години ја освои титулата европски првак, а пред 11 години европско сребро. Во Унион Берлин пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Јувентус. Тоа е неговиот прв неиталијански клуб за кој ќе настапува.
„За мене е посебно што за првпат во кариерата направив чекор во странство. Во Унион имам можност да продолжам да играм на највисоко ниво и со моето искуство да го поддржувам тимот на неговиот пат низ три тешки натпреварувања. Гледам напред кон оваа нова станица во мојата кариера“, изјави Леонардо Бонучи за клупската веб-страница на Унион Берлин.
Leonardo Bonucci ist Unioner 🔴⚪ pic.twitter.com/Er7qxwo2yw
— 1. FC Union Berlin (@fcunion) September 1, 2023
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













