Connect with us

Болоња нуди два милиони евра за Бојан Миовски, но Абердин бара – осум милиони

Италијанскиот калчолигаш Болоња е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, тврдат медиумите во Шкотска. Македонецот е планиран да биде еден вид замена за Џошуа Зиркзе, холандската ѕвезда која ова лето се очекува да направи трансфер во Милан или во Манчестер Јунајтед.


Покрај него, Болоња е на прагот да го продаде и италијанскиот репрезентативец Рикардо Калафиори.


Сепак, понудата на Болоња за Миовски е засега само околу 2 милиони евра и многу отстапува од желбата на Абердин да го продаде за околу 8 милиони евра.


Доколку направи трансфер во Болоња, Бојан Миовски во новата сезона ќе игра и во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови