Connect with us

Болоња и Наполи постигнаа спектакуларни голови, а поделија по еден бод (ВИДЕО)

Болоња и Наполи ги поделија бодовите во натпревар од 31. коло во Серија А, играјќи нерешено 1-1. Гостите од Неапол први дојдоа до водство во 18. минута преку Андре-Франк Замбо Ангиса, кој постигна убав погодок по индивидуален продор.

Израмнувањето дојде во 64. минута кога Дан Ндоје се снајде одлично во шеснаесетникот и со ефикасен удар со петица го совлада противничкиот голман.

Со ова реми, Наполи останува со три бода помалку од лидерот Интер на врвот на табелата, додека Болоња со освоениот бод стигна до 57 бода и ја задржа четвртата позиција на табелата, што носи пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови